photo: Daniel Gjurcinovski https://www.slobodnaevropa.mk/a/29228123.html Исклучително талентираните Виктор Филиповски – тапани и перкусии, Горјан Стојменовски – гитара, Марко Василевски – бас, Борислав Веселинов – саксофон и Сенад Усеин – труба се членовите на ФИРС, бендот кој пред себе си постави за цел да го претстави звукот на новата генерација македонски џез музичари. Тие креираат иновативни мелодии, рифови и ритмови кои пленат со својата инстантна прифатливост и засилена енергичност. Зад себе имаат еден албум и уште еден во најава, а во Битола ќе понудат сет во кој ќе ги комбинираат најубавите моменти од сето она што досега го имаат потпишано а на еден или друг начин и било достапно на јавноста.

Posted on Posted in News